Со години низ улиците пронаоѓале по 2.000 евра, жителите на селото без да знаат кој и зошто ги остава

Жителите на малото населено место конечно ја решиле мистеријата за парите што ги наоѓале на улиците низ Енгел.
Имено, во текот на шест години, пакети од 2.000 фунти (околу 2.300 евра) биле оставани на различни места во малото село Енгел, во вкупна сума од околу 26 000 фунти. Чесните граѓани ги земале парите што ги пронаоѓале и ги предавале во полицијата, при што со години не можеле да откријат кој ги остава парите.

Сепак, тоа се сменило и сега парот што ги оставал парите се пријавил во полиција. Тие изјавиле дека оставаат пари на места за кои претпоставувале дека ќе ги најдат луѓе кои имаат потреба. Потоа чекале и гледале дали некој ќе ги собере парите, бидејќи сакале да и возвратат на зедницата со добрина.
Еден од нив изјавил дека чувствувал емотивна врска со селаните затоа што еден од нив му помогнал, па сакал да се возврати со добрина.

Според полицијата, двојката никогаш не барала ништо за возврат овој хуман гест, а тие решиле да ја исконтактираат полицијата по медиумското откривање на случајот.