Автономните, беспилотни возила полека, но сигурно стануваат се повеќе и повеќе популарни. Сепак сеуште постои сомнеж околу нивните перформанси, покажуваат последните истражувања во САД.
Последниот настан од САД оди во прилог на овие сомнежи. Имено, автомобил од моделот 3 на Tesla возејќи под модот на авто-пилот направи сообраќајка на автопат. Автомобилот при брзина од 120 км/ч се излизга поради што се сллучи оваа сообраќајна незгода.
“Ја сакам Tesla, но мојот автомобил се судри возејќи со авто-пилот” изјави сопственикот кој видеото го објави на интернет каналите.
Инаку ова не е прв пат автомобил на Tesla под авто-пилот да направи сообраќајна незгода.