1 декада – од 20 април до 1 мај
Родените во овој период се одликуваат со здрава еротика. Тие мразат секаква лабава врска и не се заљубуваат лесно, туку тогаш кога се сигурни во партнерот и вредноста на своите чувства. Својата сензуалност вешто ја прикриваат со природна смиреност. Во бракот се многу постојани, но може да се случи на своите деца да им подарат многу повеќе внимание отколку што е потребно. Вака големата попустливост подоцна им се враќа со невнимание. На нивниот темперамент одговараат личности родени во втората половина на април или август, како и родените во знакот Јарец.
2 декада – од 1 мај до 11 мај
Девојките од оваа декада имаат многу успех во првата љубов поради својата женственост. Тоа прво искуство остава трага на цел нејзин сентиментален живот. Разочарувањата кај неа секогаш предизвикуваат длабока болка, потребно ѝ е време после тоа да воспостави рамнотежа. Кај личноста од овој знак стално е присутно тежнеење за љубов. Тие се трудат на сите начини да дојдат до неа. Бракот со личностите родени во знакот Девица или Јарец може да биде многу среќен. Овој добар однос на темпераментите може да го расипат со својата беспотребна љубомора.
3 декада – од 11 мај до 20 мај
Воздржани, лојални, повлечени, такви се родените во овој период. Силно изразено тежнеење за љубовни доживувања ги принудува да бидат отворени, што ним не им одговара. Способни се да пружат љубов, а не само да ја примат. За нивното инстиктивно тежнеење кон самосожалување да не премине во сериозна крајност, можат да им помогнат личности родени во знак Девица, Јарец или Бик.
Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година