Не секој ја доживува новогодишната магија на ист начин, има и луѓе кои решаваат токму во тој период да стават крај на љубовната врска и да градат нови спомени со друга личност.
Декември е месец кој во животот на многу парови внесува стрес и хаос, а токму во такви моменти луѓето почнуваат да го преиспитуваат нивниот однос. Истражување од 2017 година во Австралија покажува дека дури 56 проценти од мажите и 71 процент од жените изјавиле дека подобро би раскинале со партнерот отколку да го запознаат со семејството.
Дружењето со пријателите и роднините може да ве поттикне на размислување, пред сè за тоа дали партнерот се вклопува во таа слика. Некогаш одговорот е потврден, па партнерите дополнително се зближуваат, а некогаш доаѓа до раскинување.
Постојат и врски кои се пред прагот на раскинување па новиот почеток им влева одлучност и храброст да направат потег и да внесат промени во животот.
Раскинувањето на врската пред празници може да делува сурово и како не баш идеален момент, но ако така се чувствувате треба да се соочите со партнерот и со болната вистина.
Што порано, тоа подобро.