Во време кога сите сме зафатени со работните обврски и технологијата, убаво е да може да си купиме барем 1 час и да го посветиме на најблиските.
Погледнете го краткиот анимиран филм за 8-годишното девојче Сем, кое бара внимание од своите родители и нејзиниот брат за да помине малку време со нив, а притоа ја открива „продавницата за време“ и купува еден час за да го направи најубавиот снешко.