МЕСЕЧИНА
Симбол на вечна непостојаност, планета на сонување, патник без конак, златна муза на имагинација и илузија. Вечно променлив, апатичен, неодлучен, имагинативен, неспособен за иницијатива, воден напред секогаш од нова желба. Ќе го помине животот во постојано скитање и патување. Чувствителен е, каприциозен и несреќен. Нема цврста волја, но сепак на него не може лесно да се влијае, бидејќи е внимателен, плашлив, но и практичен. Несфатен е и непостојан во своите обиди, многу е разразлив и лесно дига рака на себе. Вечен скитник и идеалист, симбол на вечни промени.
Родените под оваа планета се обично светли луѓе, со блед тен, со округла глава, вкочанет и расеан поглед, краток и округол нос, широки слепоочници. Доста точно е дека лицето им е, по правило, зачудувачки меланхолично, полно со скриени таги, мек глас, несмасен од, срамежливи погледи, а устата тажна и мала. Нивна боја е зелена, растение мак, а животно магаре.
Често се нервозни, наклонети кон парализа и болести на грлото. На некои таинственоста и магнетизмот им овозможуваат да бидат видовити, да сакаат црна магија и хипноза. Многу често стануваат говорници, поети, рибари и морнари. Тие можат да станат лоши и тогаш се мрзеливи, лажливи, расипани и егоисти. Под мрачното влијание на Месечината сликарите ќе прават мрачни пејзажи, музичарите тажни ноктурни и фантастични симфонии, а писателите мистериозни и патописни романи.