Стеви Алман (52) за многумина била ангел чувар. Активист за борба против дрогата, работела со соседите и полицијата за да ги исчисти улиците од криминал.
Додека луѓето честопати мислеле дека Стеви и нејзината помлада сестра Сара Мичел (47) се близначки, двете жени не можеле да бидат поразлични.
Сара (убиецот) имала историја на кражби, проституција и злоупотреба на дрога.
На 1 јули 1997 година, службите за итни случаи биле повикани за пожар во куќа, каде една жена била спасена со изгореници на лицето.
„Јас сум Стиви“, им рекла таа, претставувајќи се како убиената сестра. Таа изјавила дека локалните дилери на дрога ја нападнале и ја запалиле куќата.
Овој случај бил медиумски покриен, по што се организирале хуманитарни настани за финансиска помош за да и помогнат на Стиви.
Се собрале пари за нејзините медицински трошоци, локалните градежници понудиле да ја обноват нејзината куќа, а била понудена и награда од 50 000 долари за информации за нејзините напаѓачи.
Но, кога најстарата сестра на Стиви и Сара, Леота Белвил (60), ги видела вестите за настанот, таа веднаш повикала полиција.
„Ова не е Стиви“, изјвила најстарата сестра.
“Тоа е Сара”.
Полицијата земала отпечатоци од „Стиви“ -и нејзините отпечатоцитаа одговарале на оние во досието на претходното обвинение за проституција што и припаѓало на Сара.
Полицијта потоа ја пребарала повторно изгорената куќа и ги пронашле остатоците на Стиви Алман во замрзнувач.
Сара Мичел била прогласена за виновна за убиството на нејзината сестра, Стиви Алман и за преземање на нејзиниот идентитет за пристап до нејзините пари и делата во нејзината куќа.
Сара е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување.