Започнуваме со решавање на деценискиот проблем на жителите во нас. Железничка.
Стотина домаќинства немаат приклучок на фекална канализација од самото формирање и градење на населбата. Жалам што децении наназад никој не пристапил кон решавање на овој проблем и потреба на жителите во 21 век.
Реализацијата на проектот за поврзување на нас. Железничка со фекална канализација ќе се одвива во две фази. Првата предвидува поврзување на Горна Жележничка до крајот на оваа година, а втората фаза која ќе започне на почетокот на 2024 година, предвидува поврзување на Долна Железничка.
По завршувањето на овој проект, предвидено е асфалтирање на сите улици во населбата.
Ова е уште едно предизборно ветување кое наскоро ќе биде реализирано. – напиша градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на својот Фб-профил.