Што симболизира ѕвездата на врвот од елката

Ѕвезда, ангел, или нешто друго … Луѓето ставаат цела низа украси на врвот на елката, а на крајот, најважно е да ви се допадне.

Меѓу различните форми што луѓето ги избираат е веројатно најпопуларната Божиќна свезда или ѕвездата од Витлеем.

Тоа е точка на „i“ на многу украси и детал што го прави дрвото дополнително убаво, но дали го знаете одговорот на прашањето – зошто sвезда? Дел од украсите што ги поставуваме на врвот на елката, вклучувајќи ја и sвездата, ги имаат своите корени во религијата.

На пример, некои луѓе ставаат на врвот ангел кој ги симболизира ангелите кои со пастирите го објавуваат раѓањето на Исус, додека ѕвездата ја симболизира ѕвездата Витлеем, која според легендата, ги одвела тројцата мудреци на местото на раѓањето на Исус.

Приказната за ѕвездата се појавува во Библијата во Евангелието на Матеј. Тој напишал дека по раѓањето на Исус во Витлеем, во деновите на кралот Ирод, тројца мудри луѓе од исток дошле во Ерусалим и се распрашувале каде се наоѓа новородениот еврејски крал, бидејќи ја виделе неговата sвезда како излегува и дошле да му се поклонат.

Кога кралот Ирод го слушна ова, се вознемирил и ги повика мудреците детално да се распрашаат за времето кога се појавила sвездата и им рекол да го пријават веднаш штом го најдат Исус затоа што тој сакал да му се поклони.

Откако го слушнале кралот, мудреците заминале, а sвездата чие изгревање излегувало пред нив ги однела веднаш над местото каде се родил Исус.

Потоа му се поклониле на детето и му подарија злато, темјан и миро. Во сонот им било поучено да не се вратат кај Ирод, кој всушност сакал да го убие детето, поради што преминале во својата земја на друг начин.

Затоа, многу христијани веруваат дека ѕвездата е прекрасен знак. Според некои теолози, ѕвездата го исполнила пророштвото.

Современите изучувачи не сметаат дека библиската приказна е опис на историски настан, туку побожна фикција, зад која стои авторот на Евангелието на Матеј.

Во секој случај, ѕвездата е омилена декорација за многумина, која има свое место на врвот секоја година.