Oд 17 до 23 јули – Beach film festival во Охрид

– Филмски проекции, мастер-часови и музички перформанси ќе понуди годинешното песто по ред издание на „Бич филм фестивалот“ што од 19 до 23 овој месец ќе се одржува на интересни локации низ Охрид.

Вљубениците во филмската уметност ќе имаат можност на најатрактивни сцени како плажата Славија, плажата Сараиште, бродот „Армада“ и Младински центар во Охрид да изгледаат осум долгометражни играни филма, 16 краткометражни филма, девет студентски авторски филмски креации, пет француски филма и четири специјални проекции.

Фестивалот ќе биде отворен со проекција на краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а за затварањето е најавена проекцијата на словенечкиот филм „Нешто слатко“. Актери кои се дел од филмовите меѓу кои Јелена Јованова, Сашко Коцев, Елеонора Венинова, Гоце Кралевски, Александра Карделевска ќе ги претстават своите филмови пред охридската публика.

Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика, која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.