Меси и семејството слетаа во Мајами

Аргентинската суперѕвезда и нов напаѓач на Интер Мајами, Лионел Меси пристигна во вторникот попладне на аеродромот Форт Лодердејл.

Камерите на „Си-Би-Ес њус Мајами“ ја снимија ѕвездата како излегува од авион заедно со сопругата и децата.

Тие брзо се упатија кон црно комбе што чекаше на кратко растојание од авионот.

Интер Мајами на Твитер им порача на навивачите да се подготват за големото претставување на 16-ти јули. Се очекува Меси да биде претставен пред навивачите на стадионот ДРВ ПНК

Претставниците на тимот рекоа дека настанот ќе вклучува „возбудлива забава, говори на теренот и многу повеќе“.

Интер Мајами исто така цели на деби натпревар за Меси на 21 јули.

Некои билети за натпреварот од Лига купот против Круз Азул на 21 јули се на секундарните пазари за повеќе од 10.000 долари по парче, очигледно во очекување на дебито на Меси со клубот.