Дистописката приказна „М“ на Вардан Тозија го отвора „Синедејс“

Со премиера на „М“, вториот филм на Вардан Тозија кој својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, ќе биде отворено дваесет и второто издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Под годинешниот слоган „Муви најт“, летните скопски филмски вечери ќе се одржуваат во паркот зад Младинскиот културен центар, киното Фросина и летното кино на отворено во Кинотека каде ќе бидат прикажани околу 50 филмови. Отворањето и затворањето на 22. CINEDAYS е во знак на македонските режисерски имиња.

  • Филмот е една дистописка приказна, жанровска приказна за едно дете кое шро е затворено во границите, во заштитата на својата магичнма шума живеејќи низ годините не знаејќи што се случува со светот надвор. Чувано и скриено од посесивен строг, опседнат татко кој знаејќи дека тоа е се што му останало се труди да го сочува од сознанието за тој свет, изјави режисерто Вардан Тозија
  • Тоа лето ќе го паметам по работа со деца, дури ми доаѓаа моменти да кажам јас никогаш повеќе нема да играм со дете, затоа што во исто време се снимаше една детска серија, во исто време овде бев татко на едно дете и претходно играв татко. Си реков дали остарев многу татковци ми се поклопија. Многу е тешко да не се спуштиш на тоа негово ниво, дали актерски дали ментално, да не го повредиш да не го навредиш, затоа што тоа се чисти детски души, но само по тоа ќе го паметам овој филм, дека таа работа беше тешка, но не значи неуспешна, изјави сктерот Сашко Коцев.

Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје, а остварувањето е копродукција помеѓу Македонија, Франција, Косово, Луксембург и Хрватска. Како што посочи режисерот Тозија, на денешната прес-конференција во МКЦ, среќен е што филмот конечно ќе ја доживее својата премиера и тоа на фестивалот „Синедејс“.

„Поминаа четири години од завршувањето на снимачкиот дел на филмот, поминаа секакви етапи и периоди којшто беа малку повеќе од предизвикувачки за екипата, а за мене најмногу, но конечно го имаме филмот“, рече тој.

Улогите во филмот ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев…