Колку чинат две кафиња во Далмација?

Цените во угостителските објекти низ Далмација ги надминаа сите мерки за домашните гости, а се почесто и за странците, пишува денеска Слободна Далмација од Сплит.

Како најнов пример за дебела сума од 14 евра за две редовни обични со млеко, го испрати читател од Корчула.

Читателот како доказ испратил и фотографија од сметката. Според претходните информации на хрватските медиуми, хрватските граѓани, освен оние кои имаат свои викендички на Јадранот, почесто летаат на други дестинации, што досега не беше случај.