Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатите месеци имаше здраствени проблеми, поради кои се повлече од јавноста.
Во ургентниот центар бил примен на 20 мај, откако крвната слика му била лоша и се чуствувал омалаксано.
„Саша беше во лоша состојба кога го примивме. Му отворивме картон и почнавме со испитувања. Му направивме детални анализи. Крвната слика не му беше сјајна и лекарите сега разговараат дали да го задржат во болница за викенд или да го пуштат, па самиот тој да се јави во понеделник“, рече извор од неговиот пијар тим.
Ковачевиќ периодов беше пуштен неколку дена на домашно лекување.
„Повеќе не е во болница. Отиде дома по препорака на лекар. Тој е фин и културен дечко. Сите за него имаат само пофални зборови, а и самиот призна дека не води доволно сметка за себе. Веруваме дека работите ќе се вратат во најдобар ред и дека ќе води повеќе грижа за себе“, рече негов близок пријател.
По месец дена тешка борба, се огласи и Саша кој се заблагодари на сите доктори и фановите за грижата.