Бајага уловен со новата девојка

Познатиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага и неговата сопруга Емилија се разведуваат по 33 години брак, а тој не чекал долго пред да си најде нова девојка.

Еден од најдобрите пејачи во регионот, Бајага си најде нова љубовна партнерка. Српските медиуми објавија видео од пејачот и неговата избраничка, а засега не се открива нејзиниот идентитет.

Бајага се всели кај новата девојка која се однесува многу убаво со него, како што снимија камерите на „Папарацо Хантинг“.

Бајага, кој живеел во Сењак, го продал станот и сега живее во Земун. По 33 години брак се разведе од сопругата Емилија, а по извесно време тоа го потврди и на социјалната мрежа Фејсбук.

-Иако не сум приврзаник на јавното мислење и дека низ жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот… Иако, веројатно веќе знаете… Па, да објавам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.