Убедлива победа на Мицотакис и Нова Демократија, дебакл за Ципрас и Сириза.
Неочекувано дури и за актуелниот грчки премиер, неговата партија доби 40 проценти од гласовите и 146 пратенички места во 300 члениот парламент, само пет помалку за да освои апсолутно мнозинство. Тој веќе го доби мандатот за да формира влада, но според најавите, експресно и ќе го врати зашто целта е да оди на нови избори кога повеќе од извесно ќе успее самостојно да формира влада, благодарение на новиот изборен закон кој во меѓувреме ќе стапи на сила. Новиот закон предвидува бонус од 50-ина пратеници за победникот на изборите.
Изборниот резултат е изненадување за сите, со оглед дека анкетите предвидуваа шест отстотна предност за Мицотакис. Водството од над 20 проценти на Нова Деморкатија и Сириза е најголемата разлика меѓу две водечки партии од првите демократски избори во Грција по 1974 година. Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, резултатот го опиша како крајно негативен за неговата партија и најави и состанок на партиските органи за анализа на грешките во кампањата и подготовка за следната изборна битка.