Државјани на Косово имаат серзиони инвестиции во Македонија. Близината и традицијата, го носат косовскиот капитал во нашата држава. Заложбата за понатамошното продлабочување на врските беше потврдена и со вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти, како и со бројните договор потпишани од косовката и македонската страна, а во врска со економската и инфраструктурна соработка.
Порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк, ги анализраше компаниите со косовски капитал. 10 најголеми компании по приход од оние во кои барем еден од сопствениците е државјанин на Косово, и каде што има барем 1 процент косовски капитал, минатата година заедно направиле влкупен приход од околу 47 милиони евра. Но, и покрај големите приходи, сите овие компании немале добивка. Дури, само 4 од овие 10 компании работеле со профит, а 6 имале загуба. Ова пак, не може да се припише на пандемијата, затоа што и во 2019 година, 4 од сегашните ТОП 10 комании со косовски капитал биле во загуба. Инаку, вкупната добивка на 10-те топ компании по приход, со косовски капитал, лани изнесувала околу 460.000 евра.
ТОП 10 компании по големина на приход со сопственик од Косово ( во евра)
Кој е кој од најголемата петка ?
„Вива фреш“ почна со работа во 2003 година во Косово, каде има отворено 60 маркети во 21 града и на потрошувачите им нуди повеќе од 60.000 различни производи. Во Македонија во 2019 година отвори трговски комплекс од 10.000 квадратни метри лоциран во Топанско Поле.
Во трговскат дејност се вбројува и „Еклкос груп“. Компанијата има трговски центар во Штип и продавница во Гостивар.
„Футуре енерџи трајдинг енд ексчајнџ динамик“ пак, има лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика за тргување со електрична енергија.
„Апетит груп“ дооел Скопје е производител и продавач на производи од месо.
„Хиферк“ се занимава со трговија на големо, но она што е специфично за оваа фирма е што таа нема вработени. Оваа фирма беше и на листата на компании со најголем обрт на пари во 2020 меѓу оние компании имале нула вработени, а која неодамна ја објави порталот „Пари“.
Инаку, Косово е еден од најзначајните трговски партнери и трговската размена се одвива слободно без царини, согласно ЦЕФТА договорот и Договорот за економска соработка. Вкупната трговска размена во 2020 година изнесувала 305,7 милиони долари, а само во првиот квартал од оваа година трговската размена е 130,2 милиони долари. Според очекувањата што ги соопшти премиерот Зоран Заев по денешната средба со неговиот косовски колега Албин Курти, годинава трговската размена треба да поминеме 400 милиони долари.