Родители на 3-годишно детенце добија огромна парична казна откако нивната ќерка си цртала сликички со камен на 10 нови автомобили „Ауди“ додека семејството било во посета во салон за автомобили.
Шокираните родители подоцна откриле дека нивното дете тајно земало камен во салонот за автомобили и ја изгребала бојата на 10 нови автомобили за време на посетата, вклучително и Audi Q8, кој вредел околу 41 000 долари.
Кинеската двојка го придружувала својот пријател во салонот за автомобили и, за жал, со себе го земале и своето 3-годишно дете.
Според изворите, сопственикот на салонот го тужел таткото, чие име е познато само како г-дин Зао, за почетна сума од 200.000 кинески јуани (приближно 41,000 долари), според управителот, проценка и може да се зголеми врз основа на дополнителена процена на предизвиканата штета.
Тој исто така тврди дека возилата повеќе не можат да се продаваат како нови автомобили откако ќе бидат преработени, затоа што доколку го направат тоа, застапништвото би можело да биде тужено за лажно рекламирање и да биде принудено да ја компензирана цената на своите клиенти трипати повеќе од колку што вредел автомобилот, доколку биде прогласен за виновен.
Затоа, сега автомобилите можат да се продаваат само како користени возила со значителни намалувања на цените, објаснува продажниот агент на автомобили.
Зао го отфрли барањето на 200.000 кинески јуани, но на крајот постигна договор од 70.000 кинески јуани, што изнесува околу 14.000 долари да исплати штета на автосалонот.