Според најновите податоци од Трансфермаркет – една од најголемите спортски веб-страници, која, меѓу другото, ја следи проценетата вредност на фудбалерите – највредни национални тимови во регионот се Србија и Хрватска.
Македонската репрезентација е претпоследна по вредност во регионов и вреди 56,7 милиони евра.
Eлиф Елмас е највредниот играч во репрезентацијата на Македонија, со проценета вредност од 17 милиони евра, а како втор најплатен во нашата репрезентација е Енис Барди со 15 милиони евра.
Вредноста на репрезентацијата на Србија се проценува на 287,7 милиони евра, при што најценетиот играч е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого германскиот портал вели дека во моментов вреди 65 милиони евра.
Тимот на хрватите вреди 285,35 милиони евра, а моментално највреден играч е Марсело Брозовиќ – играчот од средниот ред на Милан е проценет на 50 милиони евра.
Лука Модриќ, најдобриот играч на светот за 2018 година, сега 34-годишен, се проценува на 20 милиони евра.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е трета по вредност во регионот – 160,9 милиони евра.
Највредниот играч е играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, кој вреди 70 милиони евра.
Во словенечката репрезентација, чија вкупна вредност е проценета на 159,75 милиони евра, 100 милиони му припаѓаат на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Најмладиот напаѓач на Вердер, Милот Рашиќ, се проценува дека е најценет во репрезентацијата на Косово, проценет на 20 милиони евра.
Целиот национален тим вреди нешто помалку од 70 милиони евра.
Црна Гора има национален тим кој има далеку најниска проценета вредност – 29 милиони евра.
Играчот од средниот ред на Лацио, Адам Марушиќ е највредниот играч и вреди седум милиони евра.
Подолу, погледнете ги петте највредни играчи од сите репрезентации во регионот.