Општи карактеристики за Бик (20.04-20.05)

Во овој женски земјен знак на зодијакот, владее Венера, но пред неа се чувствува и влијание на Месечината.

Родените во овој знак се многу динамични и енергични. Мирно и промислено ги подготвуваат сите акции. Внимателни се, вредни и истрајни. Со вродените работни навики храбро чекорат низ животот и не дозволуваат другите да им пречат во тоа. Големи ентузијасти се и сакаат сами да се снајдат со тешките проблеми. Во односите со колегите и пријателите им недостига потребната доза на еластичност и дипломатија. Многу се тврдоглави; оваа изразито вродена особина им смета во напредување во кариерата. Во работата сепак постигнуваат успеси итоа благодарение на својата упорност, вредност и непрестано залагање. На навредите се многу чувствителни и поради гордоста се судираат со сите па и со најблиските роднини. Веруваат дека само тие се во право и секогаш остануваат доследни на своите принципи.

Имаат смисла за сите гранки на уметноста, сакаат да уживаат во сите добра од сето ова. Талентирани се за распознавање на лошото од доброто и имаат истанчен вкус. Кога ќе се налутат, нивниот гнев тешко се смирува и може да има незгодни последици. Љубовта е онаа област каде што по секоја цена сакаат да се афирмираат: ако останат без неа, страшно патат. Материјалното ќе се среди потполно во втората половина на животот и тогаш нема да имаат никакви големи проблеми. Имаат во себе голема енергија која не ја расфрлаат додека претходно добро не промислат. Однадвор се извонредно мирни и сталожени, дури и незаинтересирани, но во себе имаат сила и енергија за сите неволји. Сепак како кај ретко кој знак, овде е присутен оптимизам и верба во себе. Тоа е еден од знаците кои среќата несебично ги обогатила.

Тие можат да постигнат успех во животот само ако се врзат за еден вид работа, и тоа онаа во која уживаат. Благодарејќи на истрајноста и интелигенцијата тие ќе постигнат успех во работите каде што е потребно темелно расудување и посветеност. Никогаш не би требало да се впуштаат во работи кои не им причинуваат радост и задоволство, без разлика на славата и среќата која можат со тоа да ја стекнат. Имаат успех во професии поврзани со естрадни настапи (театар, филм, музика), и тогаш се многу истрајни и упорни. Понекогаш стануваат сомнителни кон себе и своите квалитети, а тоа е веќе пола неуспех за нив. Тие мора да го игнорираат сомнежот, бидејќи дури тогаш можат да успеат својата префинетост во вкусот да ја претопат во некоја создавачка уметност (сликарство, архитектура или трговско планирање).

Во работата, за нив нема да има грижи и проблеми, бидејќи нема да се караат и на друг да замеруваат, ниту ќе се обидат на другите да им диктираат како се работи и живее. Тоа не значи дека ќе бидат запоставени или подредени; напротив, тие секогаш застануваат во одбрана на своите права, и така ќе стекнат почитување, бидејќи и останатите ќе сфатат дека со нив нема шега. Мора да бидат повеќе тактични, бидејќи нивната тврдоглавост може да има и поголеми последици отколку што се бесот и гневот. Затоа им одговараат работни институции, каде веќе е одредено што кој работи и каде никакви произволности нема да предизвикаат недоразбирања. Дури тука, нивната упорна вредност добива полна смисла.

Среќни броеви: пет, шест, четири.

Поволни денови: петок и вторник.

Омилени бои: зелена и сина.

Во знакот Бик родени се: Балзак, Џорџ Вашингтон, Карл Маркс, Ван Гог.

Основни карактеристики на хороскопските знаци