Д-р Нико Беќаровски советува и прележаните да носат маска и да држат дистанца

Доктор Нико Беќаровски советува оние кои го прележале коронавирусот да носат маска и да држат дистанца. Тој вели дека создадениот имунитет ги заштитува оние кои веќе го прележале, и при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите организмот може да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на носот.

Со други зборови, тој вели дека ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.