(ВИДЕО) Како изгледа кога газдата ќе ти подели бонус од 10 милиони!

Декември е време кога работниците низ целиот свет ги очекуваат своите божиќни бонуси, но основачот и извршниот директор на градежната фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон, го крена нивото прилично висока и тешко достигливо за сите шефови ширум светот.

Господинот Сент Џон организираше Божиќна забава за сите свои 198 вработени, најавувајќи дека ќе им подели неверојатни 10 милиони долари на своите работници.

Работниците кои работат подолго за компанијата St.John Properties добиле повисоки бонуси, но просечната сума што работниците ја добиле е 50.000 американски долари. Сепак, тоа не е се што добија работниците. Покрај овој бонус, тие го добија и годишниот бонус што традиционално го добиваат секоја година.

Еве ги нивните реакции откако ја слушнаа радосната вест: