Онаа огромна полутопка пренатрупана со проекции на оддалечени светови, која ја гледаме секоја ноќ над себе или накратко, небото со ѕвездите, ете тоа е зодијак. Името е од грчко потекло и означува животински круг, затоа и повеќе од половина ѕвездени групации носат име од животинското царство.
Скоро сите соѕвездија биле познати пред Грците, но тие кругот на зодијакот го разделиле на 12 делови од по 30 степени и на секој дел му дале име по доминантното соѕвездие. Така имаме 12 еднакви исечоци низ кои привидно поминуваат планетите.
Постојат неколку поделби со кои астрологијата веќе прецизно ги одредила сите карактеристики на поедините знаци.
Првобитната поделба на сите четири составни елементи се одразила и на зодијакот, па така имаме знаци кои се под влијание на ВОДА, ОГАН, ЗЕМЈА И ВОЗДУХ. Секој знак има особини карактеристични за елементите под чие покровителство се. Така имаме „водени“ знаци – Риби, Рак и Шкорпија. „Огнени“ знаци се Лав, Овен и Стрелец. „Земјени“ знаци се Бик, Девица и Јарец. И на крај три „воздушни“ знаци – Близнаци, Вага и Водолија.
Втората поделба е на МАШКИ и ЖЕНСКИ ЗНАЦИ, па ги имаме знаците на Овен, Близнаци, Лав, Вага, Стрелец и Водолија како машки, и Бик, Рак, Девица, Шкорпија, Јарец и Риба како женски.
Третата поделба на знаците на Зодијакот би била според нивните динамични особини. Се разликуваат главни знакови, а тоа се: Овен, Рак, Вага и Јарец. Заеднички особини би им биле: неверојатна сила, силна волја за напредување, иако постојат и варијации за секој знак посебно. Накратко, поседуваат енергија и сакаат да се истакнуваат секогаш и секаде. Цврсти знакови се Бик, Лав, Шкорпија и Водолија. За нив е карактеристично што се преполни со енергија, но од надвор делуваат многу смирено. Доволно е само малку тоа да се поттикне. Обични знакови се: Близнаци, Девица, Стрелец и Риби. Нив ги карактеризираат заеднички особини: неодлучност и прилагодливост.
Покрај овие значења во толкувањето на знаците на зодијакот, астролозите употребуваат и однос кој се појавува при поминување на поедини планети низ знаците на зодијакот. Востановени се следните односи: во Овенот и Шкорпијата владее Марс. Сатурн владее со Вага, Јарец и Водолија. Доминантна планета кај Близнаци и Девица е Меркур. Куќата на Венера е во Бикот, а Сонцето во Лавот. Додека единствен знак кој не го дели своето владеење со некој соседен знак е Ракот во кој суверено владее Месечината.