Веројатно инстинктивно одлучуваме да го измиеме суровото пилешко под проточна вода од чешма пред да готвиме за да ги отстранеме остатоците од крв. Но, оваа добра намера се покажа како погрешна и може да доведе до спротивното од очекуваниот ефект.
Campylobacter се наоѓа на голем дел од пилешкото месо кое е пласирано на пазарот. Голтањето на само неколку клетки од него доведува до труење со храна, кое се карактеризира со повраќање, силно гастроинтестинално нарушување и абдоминална болка со денови.
Кога се обидуваме да го измиеме суровото месо, бактериите од неговата површина лесно можат да се шират на прибор, садови, крпи, облека и сè на што паѓаат капките од прскањето на загадена вода. И капките можат да “летаат” на растојание од 50 см.
По миењето под млаз вода, месото не е почисто, но нашата кујна е контаминирана со опасни бактерии. Само добра термичка обработка може да ги убие микробите, затоа се препорачува да го испечете месото исечено на помали парчиња и да проверите дали внатрешноста не останала сурова.
Инфекцијата со Campylobacter не само што може да помине со труење, туку може да доведе и до потешки состојби, како што се синдром на нервозно дебело црево, Reiter-ов синдром (реактивен артритис) или Guillain-Barré синдром.
За да се избегне сето ова, едноставно е потребно да не се мие пилешкото пред да се готви (високата температура ќе го исчисти доволно ефикасно), да ги исчистите многу темелно сите садови, табли за сечење, работната маса и други предмети што биле во контакт со месото.
Друг корисен совет е да бидете сигурни дека течноста од пилешкото не капе на другите производи во фрижидерот, како и да имате посебна табла за сечење, што е наменета само за месо.