Покрај коронавирусот секојдневно треба да внимаваме и на обичните настинки. Во време на пандемија треба да внимавваме и да го зајакнеме својот имунитет. Вкусна, топла напивка од ѓумбир ќе ви помогне го направите тоа и да спречите настинка и грип.
Потребни состојки:
Свеж ѓумбир
1 литар вода
3 лажички мед
1 лимон
Начин на подготовка:
Исчистете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Ставете го во тенџере и прелијте го со вода, па оставете го да се вари барем 15-20 минути на умерена температура. Тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути. Процедете го чајот, засладете го со мед и додајте лимон по желба.
Зошто треба да користите ѓумбир:
Го зајакнува имунитетот
Ве штити од настинки и грип
Ја смирува мачнината
Влијае позитивно на дигестивниот систем
Ја подобрува циркулацијата.