Со ребалансот на буџетот општините ќе добијат само 2 милиони евра за проекти во областа на животна средина

Со ребалансот на буџетот за 2020 година на Министерството му се доделени 165 милиони денари за реализација на проекти значајни за животната средина кои ќе бидат префрлени на општините, соопшти денес Министерството за животна средина и просторно планирање.

Најголемиот дел од средствата се наменети за реализацја на проекти во делот на водоснабдувањето и тоа за општините Липково, Крушево, Струга, Пробиштип, Ресен, Чаир, Сарај, и за села во Општина Тетово. За чистење на сметлиштето во Визбегово обезбедени се 20 милиони денари, а обезбедени се финансии и за расчистување на дивите депонии во Маврово и Ростуше, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.