Мицкоски: Да се овозможи бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик да заболат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара да се овозможи бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик да се заразат од коронавирусот.

Тој во својот статус на Фејсбук пишува:

“Во време на Ковид пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат.

Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна.

Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга.”

Во време на #Covid пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи,…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, October 30, 2020