Францускиот претседател Емануел Макрон и се обрати на јавноста поради воведувањето на нови мерки.
„Вирусот циркулира со брзина што дури и најпесимистичките прогнози не ја предвидуваа“, рече Макрон на почетокот на своето обраќање. Тој рече дека сите француски региони се во црвено.
„Бранот ја зафаќа цела Европа. Дали сторивме сè како што треба? Не. Но, направивме се што можеме. Нашата стратегија, со оглед на информациите што ги имавме, беше вистинската“.
Тој рече дека Франција е преплавена од втор бран „кој несомнено ќе биде помоќен и поубиствен од првиот“. Тој рече дека е уверен дека 9000 пациенти ќе бидат на интензивна нега до средината на ноември, што би значело дека здравствените установи ќе бидат скоро целосно исполнети.
„Вирусот ги погодува сите генерации во неговите тешки форми“, рече Макрон, нагласувајќи дека задачата е да се заштитат оние кои обезбедуваат грижа за болните.
„Треба да ја заштитиме економијата“, рече Макрон, додавајќи дека рамнотежата е важна. „За нас ништо не е поважно од човечките животи“, рече тој.
“Франција никогаш нема да усвои стратегија за колективен имунитет. Оваа опција ќе доведе до вкупно скоро 400.000 дополнителни смртни случаи”, рече францускиот претседател.
Макрон прогласи заклучување
Почнувајќи од петок и до минимум 1-ви декември, целата земја ќе биде под рестрикции.
Толеранцијата ќе важи за викендот, за да се овозможи враќање од одмор. Собирите ќе бидат забранети, патувањата ќе бидат ограничени, само со дозвола. Бизнисите дефинирани како несуштински, како што се баровите и рестораните, ќе бидат затворени.
Државата ќе продолжи да обезбедува масовна поддршка на погодените мали бизниси со преземање на нивните загуби во прометот.
Училиштата ќе останат отворени со подобрени здравствени протоколи. Универзитетите и високообразовните институции одат онлајн.
„Остани дома колку што можеш“, рече Макрон.