Потврдени над 44 милиони случаи со коронавирус во светот

Во пресрет на зимата се повеќе и повеќе случаи на коронавирус во светот. Досега во светот потврдени се повеќе од 44 милиони случаи на заразени со коронавирус. Од кои над 1.1 милион луѓе починале, а 32 милиони се оздравени.

Жариште од САД се префрли во Европа, а најкритична е состојбата во Словенија. Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани досега рекордни 2.605 зарази со коронавирусот. Додека надлежните размислуваат за мерките, на социјалните мрежи се појави лажна информација за 24-часовен полициски час која што портпаролот на словенската влада ја демантираше.

Алармантни податоци пристигнуваат и од Германија, Бугарија и Хрватска, додека Русија регистрира најголем дневен број на починати лица.

Во Македонија во текот на вчерашниот ден од 2236 тестирања потврдени се 628 нови случаи на Ковид-19.