Чешката влада одлучи да воведе полициски час од 21 до 5 часот наутро од среда, 3 ноември, поради неефикасноста на мерките со кои се обидува да ја стави под контрола пандемијата со Ковид-19, исклучок ќе биде одењето на работа и шетање домашни миленици до 500 метри од домот.
Движењето во текот на денот е исто така делумно ограничено, владата бара Чесите да одат на работа и дома, евентуално купување на потребните намирници за нив и за членовите на семејството.
“Ситуацијата е многу комплицирана. Досега не гледаме пад на инфекциите што го очекувавме деновиве. Воведените мерки имаа само мал ефект. Мерките што функционираа во првиот бран сега се неефикасни и се приближуваме кон бројките што го загрозуваат капацитетот на чешкиот здравствен систем”, рече министерот за здравство Роман Примула.
Примула, беше разрешен минатата недела, бидејќи не ги почитуваше мерките што сам ги воведе и отиде на состанок во ресторан, кој мораше да биде затворен со владина наредба, и не носеше заштитна маска на улица, додека чека да биде заменет со новиот министер истакна дека сегашните мерки не функционираат затоа што Чесите не се подготвени да ги почитуваат.
Владата исто така донесе одлука да ги затвори продавниците во недела цел ден, а другите денови да се затворат во 20 часот, пазарите ќе бидат затворени од четврток освен зелените, компаниите имаат обврска да ги префрлат сите вработени што можат да работат од дома.
Чешката влада воведува полициски час за прв пат од почетокот на пандемијата, а принудена е да го стори тоа поради дневниот пораст на новоинфицираните лица од над 15 000 лица минатата недела и во просек околу 100 мртви на ден. Воведени се и построги мерки затоа што минатата недела во просек имало над 1.600 стари лица меѓу новоинфицираните, а Министерството за здравство реши да тестира сè во домовите за стари лица.
Во Чешка, од почетокот на пандемијата, инфицирани се со 263.572 лица со Ковид-19, починале 2.337 лица, активни случаи се 162.866, додека 5.613 пациенти се лекуваат во болници.