Скандалозното однесување и работење на Лидија Димова е недозволиво. За само една недела излегоа на површина сите фекалии од криминалното работење на кадрите на СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Најновиот проект за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот “Избери сирење”, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус + програмата.
Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето.
Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?
Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите?
Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите?
За што постои и сомнеж во проектите поврзани со фризерницата коишто беа јавно изнесени на прес конференцијата на Лидија Димова“, изјави Арсовски.
Затоа, како што рече Арсовски, Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш, да не чека ниту ден повеќе, а кој и зошто ја штити до сега, ќе дознаете наредниов период.