ОВЕН
Работа: Многу сте самоуверени и убедени дека вашите идеи се најобри. Колегите со тоа не се сложуваат, што сериозно ве погодува.
Љубов: Пробувате да ги наметнете своите ставови на партнерот, но не успевате во тоа.
Здравје: Внимавајте на грлото.
БИК
Работа: Правите план за следната седница. Важно ви е да се организирате пред почетокот на работната недела и се да се одвива според планот.
Љубов: Имате комуникација со личноста која сте ја запознале, и убаво ви е.
Здравје: Добро здравје, почнувате здрав начин на исхрана.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Размислувате за работните планови. Некои цели ги додавате, некои елементи ги исфрлате. Имате некоја генерална идеја која ве води, но таа не е прецизна ниту непроменлива.
Љубов: Запознавате нова личност преку пријател, и ведшан има „искри“ меѓу вас.
Здравје: Главоболка.
РАК
Работа: Воодушевени сте од развојот на ситуацијата на работа. Тоа ви дава мотив да продолжите со исто темпо.
Љубов: Раковите во брак имаат впечаток дека партнерот не е заинтересиран и дека неговите емоции избледеле.
Здравје: Чувствителни коски, особено кичмата.
ЛАВ
Работа: Сте ја прецениле својата способност. Сте мислеле дека некои обврски ќе ги регулирате во краток временски период.
Љубов: Лавовите во брак имаат лоша комуникација со партнерот. Двајцата имате недоразбирања.
Здравје: Одморајте ги очите.
ДЕВИЦА
Работа: Самите себе сте преоптоварени се обврски. Наместо да уживате во работата, сега истата ве оптоварува.
Љубов: Емотивно сте празни и имате впечаток дека немате што да и понудите на другата страна.
Здравје: Најдобар лек е одморот.
ВАГА
Работа: Во елемент сте: комуникативни, шармантни и целите ги постигнувате на мирен начин.
Љубов: Имате впечаток дека сте во врска со личност која не ви одговара во целост. Дозволувате времето да ви го донесе вистинскиот одговор.
Здравје: Солидно здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве иритира ситуацијата на работа. Колку труд и да вложувате, имате впечаток дека резултат нема.
Љубов: Вљубени сте и имате потреба за физички контакт со парнерот. На другата страна и годи вашето внимание.
Здравје: Минлива главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ви одговара опуштена атмосфера на работа. Со колегите правите нови работни планови убедени дека ќе ги реализирате без проблеми.
Љубов: Слободните стрелци не се расположени за дружба.
Здравје: Солидно здравје.
ЈАРЕЦ
Работа: Сакате кога се детално ќе испланирате и ги работите обврските според планот. Денеска работата не се одвива по планот, и тоа ви пречи.
Љубов: Одличен ден за ново познанство. Одамна никој не ви се допаднал во таа мера на прв поглед.
Здравјае: Раздразливи сте.
ВОДОЛИЈА
Работа: Имате многу обврски, но и доволно енергија да ги одработите до крај.
Љубов: Ве очекува сериозен разговор со партенерот кој ќе ви помогне работите да ги поставите на вистинското место.
Здравје: Избегнувајте стрес и повеќе одморајте.
РИБИ
Работа: Имате позитивна трема пред почетокот на новиот проект. Не сте сигурни како сето тоа ќе изгледа, но сте возбудени што сте дел од тимот.
Љубов: Имате впечаток дека партнерот не ве разбира.
Здравје: Колената и зглобовите се чувствителни.