Германските компании ја предупредија нивната влада дека без поголем „увоз“ на работници од Западен Балкан, компаниите во земјата нема да можат да најдат соодветна работна сила во претстојните години.
Германските медиуми пишуваат дека Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение, предупредил дека во следните неколку години 150 илјади градежни работници ќе заминат во пензија, и дека е се потешко да се најде соодветно образована и обучена работна сила.
Според него, работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно.
„Губиме 50.000 работници годишно, онолку колку што досега се стекнавме благодарение на ова правило. Но ситуацијата сериозно ќе се влоши бидејќи од 2021 година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи“ вели хилтроп.
Стравувањата дека работниците од Западен Балкан ќе го оптоварат германскиот социјален систем или ќе одземаат работни места од германските работници според нив не се оправдани, посочувајќи на студија на германското Министерство за труд, според која, нема негативни последици туку сосема спротивно, последиците се позитивни за сите.
Во Северна Рајна-Вестфалија, некои компании веќе се жалат дека одредени проекти мора да бидат запрени целосно, бидејќи не се сигурни дека ќе можат да најдат работници во догледно време.
Угледниот германски деловен весник „Ханделсблат“ пишува дека работодавците се жалат дека им се потребни работници од Балканот, но дека не можат да ги добијат поради ограничувања.
„Ханделсблат“ пишува дека најкритична е ситуацијата во областа на градежништвото, медицинскиот персонал и софтвер индустријата.
Според овој весник, од 2009 година до денес, дури една третина од германскиот бруто-домашен производ се реализира благодарение на увезената работна сила.