Филипче по втор пат негативен на коронавирусот, излегува од изолација

Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација. која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.

Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно.

Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката. – соопшти на својот фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, April 29, 2020