Корона вирусот ќе предизвика повисоки цени на мобилните телефони

Поради епидемијата на корона вирусот, која однесе повеќе од 723 животи, со над 30.000 заразени, не само што ја покрена загриженоста на здравствените организации во светот и во Кина од каде и потекнува, туку и на производителите, трговците и купувачите кои купуваат разни електронски производи од кинеските фабрики.

Пазарот на мобилни телефони е особено изложен на ризик, бидејќи кинеските брендови станаа се повеќе популарни во последниве години, заради нивниот одличен сооднос цена-перформанси, при што Huawei ја предводи мртвата трка со јужнокорејскиот Samsung, туркајќи го големиот Apple и неговиот iPhone на трето место. Покрај мобилните телефони, Кина произведува и голем број електронски компоненти за други производители на мобилни телефони, но и за уреди како што се таблети, лаптопи, компјутери …

„Познато е дека многу фабрики во Кина воопшто не работат во текот на овие две недели, заради кинеската нова година, така што ако купувате стока од Кина преку Интернет, често ќе добиете повратна порака дека испораката ќе се одвива само откако ќе заврши Пролетниот фестивал. Некои фабрики треба да се отворат околу 9-ти февруари, но засега не е сигурно како ќе се одвива тоа, бидејќи патните забрани се зголемуваат, а сопствениците на фабрики се плашат и од ширење на вирусот“, додава сопственикот на повеќе од 1.750 мобилни телефони во својата богата колекција, што го прави несомнено меѓу носителите на рекордите во светот .

Потенцијална криза
Во таа светлина (или темнина), логично се манифестира потенцијалната криза што ќе влијае на производството на мобилни телефони и разни компоненти за електронски уреди, вели тој.

Пазарот секогаш реагира на ист начин: недостигот на уреди и повисокиот интерес секогаш доведува до зголемување на цените. Ова е неизбежно, прашањето е само колку производителите ќе сакаат да го компензираат ова.

Некои производители имаат свои фабрики во други земји како Индија, но глобалното ширење на вирусот би можело да го наруши производството и таму, затоа што стравот е голем, можеби дури и поопасен од самиот вирус, според уредникот на Portofon.com.

Специфични последици на пазарот ќе бидат познати во наредните недели, по (не) враќањето на работниците во кинеските фабрики.

Според него, зголемените цени на уредите би можеле да траат најмалку половина година се додека пазарот не се консолидира, а ние ќе ги почувствуваме напролет, во време кога во наредните недели доаѓаат нови генерации на најпознатите предводници (премиум) мобилни телефони.

Случувањата ќе влијаат на сите – производителите, фабричките работници и потрошувачите, бидејќи вирусот не знае за граници во денешниот глобален свет, вели експерт за мобилна технологија. Но, тој додаде и дека некои може да профитираат на долг рок, со оглед на експанзијата на Кина во последните години.

„Кинезите имаат толку многу пари што не знаат што да прават со нив; можат буквално да инвестираат во сите гранки на индустријата. Падот на нивната моќ отвора повеќе простор за Американците, особено за време на трговските преговори меѓу Кина и САД.“

Според него, сегашната состојба може да го намали имиџот на кинеските компании на краток рок, особено поради стравувањата од купување, бидејќи луѓето се плашат од далечинско пренесување на вирусот.

Но, како што сите сме навикнати да живееме со мобилни телефони, ако наскоро се најде ефективна вакцина, сето тоа брзо ќе се заборави.

Купувањето од Кина е причина за загриженост ширум светот, што може да се види на социјалните мрежи, кое беснее околу потенцијалните опасности што ги предизвикуваат пратките од Азија. Со оглед на тоа што голем број граѓани од регионот купува преку разни платформи, како Алиекспрес, кинескиот колега на американскиот гигант „Амазон“, стравот е и кај нас и земјите од регионов.

За среќа, нема причини за стравување барем кога станува збор за овој сегмент.

Според научниците, вирусот не може да преживее без жив преносител неколку часа, а особено со денови или недели, колку што е потребно да пристигне и кај нас. Затоа, веројатноста дека пакетот кој ќе пристигне од Азија ќе предизвика ширење на корона вирусот е занемарлива.