Јавниот долг во земјава растеше и во 2019 година и достигна 5,54 милијарди евра  или 48,9 проценти од бруто-домашниот производи- објави денеска министерството за финансии.

Во однос на 2018 година јавниот долг пораснал за  речиси 340 милиони евра – во 2018 година изнесувал 5,2 милијарди евра или  48,6 проценти од БДП.

Според фискалната стратегија пак за периодот 2020-2022 година земјава ја очекува зголемување на јавниот долг и надминување на психолошката граница од 50 проценти од БДП. За  годинава е проектирано тој да се зголеми на  50,4 проценти од бдп, па 50,9 проценти во 2021 година , за во 2022 година да се намали пак на 50,4 проценти.