⚫️ Вчерашаната седница ја чекавме, но гласањето за точка 19 за забраната за увоз на отпад како гориво НЕ ја дочекавме. СДСМ не се согласи точката да се стави како прва на дневен ред, иако и ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ инсистираа на тоа. ДУИ никаде ги немаше, иако нивно е МЖСПП, ДИЖС и други поврзани министерства и инспекторати. На седницата се расправаше за аерозагадувањето и заврши без гласање по заклучоци и БЕЗ закажување на следен термин за оваа седница. СДСМ ќе оди на купување на време, за да не се гласа забраната за увоз на отпад додека Собранието не се распушти. Добро им оди, пленарни седници нема закажно за оваа недела, единствена закажана е нова седница на 4 февруари, имаат уште 10 дена, каде ќе направат сè за да не се изгласа оваа измена.
🤥 Инаку вчера на седницата, заменик-министерот Јани Макрадули остана доследен во својот стил со нецелосни, неточни податоци сè со цел да ја изманипулира јавноста и собере поени за себе и својата партија. Од изјави во претходниве месеци како во државава не се увезува опасен отпад, преку “ама само стари акумулатори се увезуваат”, стигна до изјави како во 2012, 2014, 2015 и 2016 цветал увозот на опасен отпад. Како беше? Доверба да сме имале?
😣 По којзнае кој пат презентираше неточни податоци, па изјави дека што се однесувало до мерните станици, тоа што ветиле, го реализирале во декември 2019 и по многу години за прв пат работеле сите мерни станици. Како беше она неговото, ќе си лупнеш и ај нема врска. Макрадули си лупна, а во исто време официјалните податоци покажуваат дека од постоечките мерни инструменти не работат 3 за PM10, 1 за PM2.5, 3 за озон, 5 за азот диоксид, 3 за јаглерод моноксид, 3 за сулфур диоксид. Вкупно 18. Толку од вистинитоста на податоците, по кој знае кој пат кога Макрадули е во прашање.
😵 Тој сакајќи да ја врати довербата на институцијата министерство за животна средина во јавноста, ја уверуваше дека примерите за забраната на увоз за отпад во Хрватска, Црна Гора, Албанија и Чешка не биле точни и во интерес на јавноста апелираше да се гледаат бројките, правилата и да им се верува на стручните луѓе коишто 20 години се во институцијата.
За стручните лице не знаеме, но, податоците кои ние ги презентиравме за овие држави се земени ДИРЕКТНО од ОФИЦИЈАЛНАТА страница на Базелската конвенција, лесно проверливо: http://www.basel.int/…/ImportExport…/tabid/4835/Default.aspx
🧐 За разлика од него, ние презентираме официјални податоци, а не верба. Неговото „верувам во науката и податоците“ го нема кога се однесува на Базелската конвенција, до која нашата држава и луѓето од институцијата чија доверба сака да ја врати во јавноста не доставиле податоци и извештаи од 2002 година наваму. Ние и овој пат ќе допринесеме со презентирање на податоци од законите на државите за кои Макрадули кажа дека не биле точни, каде точно пишува што и како е забрането за увоз, потврдувајќи го претходно објавеното од страниците на Базелската конвенција.
👉 За Хрватска, таа до нејзиниот влез во ЕУ има закон со кој се забранува увоз на отпад за отстранување и како извор на енергија. На 1 јули 2013 влегува како полноправна членка на ЕУ, а на 15 јули, ОТКАКО влегла во ЕУ, носи нов закон, хармонизиран со ЕУ, каде забранува увоз на опасен отпад, измешан комунален отпад и негови остатоци при согорување, поради отстранување и забранува увоз на мешан комунален отпад за користење како извор на енергија. Со цел да се оствари целта на намалување на количината на отпад кој се депонира, предност пред увозот на отпад има отпад произведен во Хрватска.
❌ Ние се давиме во отпад, никакви услови немаме создадено ни за негово намалено создавање, што е целта и на Базелската конвенција и на ЕУ, ни за негова реупотреба, рециклирање, немаме добиено ни датум за започнување на преговори со ЕУ, не ни функционираат институциите, нема владеење на правото, искорумпирани сме до срж, ама секогаш поголеми папи од папата, па со законот да дозволиме увоз на отпад и опасен и неопасен за разни цели, меѓу кои и како гориво.
Тоа не се ни цели, ни правила на Базелската конвенција која, ако Макрадули се потрудил да дознае нешто за нејзините правила и принципи, ќе видел дека во себе ја содржи желбата за забрана на прекуграничното движење на отпад и негово извезување во други држави, особено земјите во развој.
Статус на О2 Иницијатива