Кинеските туристи од Вухан, кои изминатите два дена се во Хрватска и БиХ, треба да влезат денес на територијата на Србија.
Епидемиологот на Федералниот институт за јавно здравје на Босна и Херцеговина Андреа Јуриќ изјави дека нема причина за тревога и дека нивното здравје е во ред, јавува Дневни аваз, Сараево.
– Ќе бидат набудувани и надгледувани цело време во согласност со препораките на Светската здравствена организација и во согласност со нашите законски регулативи и регулативи – рече Јуриќ.
Ова значи дека тие практично ќе бидат набљдувани 24 часа, при што следната инспекција се очекува во понеделник наутро на граничниот премин Доjани бидејќи ќе се упатат кон Белград по Сараево.