Рочиштето за случајот „Рекет“ кое беше закажано за денеска е одложено. Причината е поради тоа што обвинетата екс специјална обвинителка Катица Јанева останала без адвокати.

На денешното рочиште не дојдоа двајцата бранители на второобвинетата Катица Јанева. Во судница не дојдоа адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. Двајцата адвокати го известиле судот дека не се во можност да дојдат во суд од здравствени причини.

-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација“, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште предвидено беше покрај обвинителката Лиле Стефанова да сведочи и обвинителот Бурим Рустеми, кој исто така беш дел од тимот на СЈО.

Следното рочиште е закажано за четврток.