Незапаметен случај во Русија: 13- годишно девојче забременило од 10- годишно момче, полицијата покрена истрага

13-годишно руско девојче забременило со 10-годишно момче од соседното училиште, јавуваат руските медиуми.
Случајот се случил во провинцијата Краснојарск во Сибир, при што светските медиуми известуваат дека  девојче и момче се другари од малечки нозе.

Светските медиуми пренесуваат дека девојчето планирало да го задржи бебето, а родителите ја подржуваат во тоа.

Полицијата покрена и истрага, а за целиот случај е известен и лекар кој ќе ја понуди сета потребна помош.

Локалниот педијатар Николај Скоробогатов изразил сомневање дека момчето е татко на детето.

За момчето за кое се наведува дека е татко, не се знае многу, но локалниот педијатар изјавил дека се сомнева дека 10- годишното момче е татко на тоа дете.

„Теоретски тоа е невозможно, не знам ништо за овој случај, но мислем дека некој друг е татко на тоа дете. Иако може да се провери едноставно со тест и верувам дека ќе се нправи таков тест“ рекол тој.

Во Британија беше регистриран сличен случај, но по извршен ДНК тест се покажа дека 12- годишното момче не е татко на бебето како што се тврдеше.