(ВИДЕО) Спектакуларно враќање на Мекгрегор: Ирецот го нокаутираше Каубој за 40 секунди!

Контроверзниот борец Конор Мекгрегор победи во Лас Вегас против Доналд Серон со нокаут во првата рунда.

Мекгрегор привлече големо внимание во мечот со кој се врати во УФЦ, а на крајот борбата заврши за само 40 секунди.

Уште на почетокот Ирецот погоди со удар со рамо неколку пати, а потоа тргна серија боксови кои завршија во Каубој и Херб Дин го прекина мечот.