Не е невообичаено на одредена возраст да се намали желбата за секс.
Сепак, британските научници повикуваат на активен сексуален живот по 50-годишна возраст, бидејќи отсуството на интимност може да доведе до здравствени проблеми, пишува Дејли Меил.
Студијата на специјалисти од Универзитетот во Англија Рускин опфати скоро 6.000 мажи и жени. Резултатите покажуваат дека претставниците од машкиот повеќе имаат здравствени проблеми од недостатокот на секс.
Научниците открија дека за 63 проценти од мажите, од нередовниот сексуален живот се изложени на ризик од развој на рак. Кај жените, недостатокот на интимност често резултира во ниска самодоверба и лошо расположение.
Истражувачите исто така велат дека активниот сексуален живот го намалува ризикот од болести како што се артритис и дијабетес.