Девојка ја продаде својата невиност за 1,2 милиони евра

Катја ја продаде невиноста за повеќе од милион евра, а бизнисмен кој ја плати таа сума има уште една понуда за неа.

Интернет-страницата „Cinderella Escorts“ објави исповед од украинската Екатерина, попозната како Катја, која моментно живее во Америка, која вели дека планира да ги потроши парите на „патување, луксуз и живот“.

Купувачот е бизнисмен од Минхен за 1.200.000 евра. Втора најголема понуда: адвокат од Њјорк 1 милион евра. Трета највисока понуда: пејачка од Токио 800.000 евра.

Бизнисменот од Минхен, кој, наводно, е подготвен да се ожени со неа ќе треба да ја поддржува финансиски со месечен буџет од 10.000 евра во иднина.

„Сакам да ја продадам мојата невиност на cinderella-escorts.com затоа што сакам да патувам, да искусам луксуз и да живеам живот. Тоа е моето тело, мојот избор и најдобра одлука за мене“- рече Катја.

Инаку, аукциите како оваа веќе не се реткост. За девојките да учествуваат во нив и да ја понудат својата невиност, треба да достават лекарско уверение дека се невини, додека мажите треба да обезбедат доказ дека имаат најмалку десет милиони евра на сметката.