Jапонскиот милијардер Јусаку Маезава објави оглас во кој бара партнерка за патување на Месечината, а на неговиот повик се огласија повеќе од 20.000 жени, пишува CNET.
Маезава ќе стане првиот приватен патник на Starship на компанијата SpaceX која ќе го однесе на Месечината. Сега тој бара партнерка која ќе го придружува, а досега се пријавија повеќе од 20.000 жени. Милијардерот ќе има полни раце работа пред да одлучи која е вистинската сопатничка.
Јапонецот купил шест до седум седишта во Starship за да поведе одбрани уметници со себе. Лансирањето е планирано за 2023 година, а како што стојат работите едно место ќе има и за партнерката на Маезава.
НАСА исто така планира мисија на Месечината во која жена астронаут ќе патува во 2024 година.