Иако издржува доживотна затворска казна, мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, од неодамна може дс се пофали дека има свое пиво.
‘Ел Чапо Мексиканскиот Лагер’ го лансираше ќерката на Гузман, Алехандрин, која во јули 2019 година ја претстави сопствената модна колекција наречена ‘Ел Чапо 701’.
Бројот со името алудира на место на листата на најбогати луѓе во светот што магазинот Форбс му го додели на нејзиниот татко.
Но, Алехандрина отиде чекор подалеку од модата. Пред два дена, на модна ревија во Гвадалахара, Ел Чапо 701 претстави занаетчиско пиво наречено „Ел Чапо“.
„Сè уште не е на продажба, ние само го рекламираме пивото Ел чапо“, изјави за АФП портпаролката на компанијата Адријана Уријарт, додавајќи дека тие сè уште работат на регулаторни лиценци за продажба.
Шишето за пиво има кафеаво-црно-бела етикета со слика на Гузман.
Судска постапка против најпознатиот светски наркобос, ја отвори на јавноста за увид внатрешната организација на картелот на Гузман, Синалоа, именува по северозападната мексиканска држава. Во него, тој е роден во сиромашно планинско село. Ел Чапо градеше мит кај жителите на Синалоа со тоа што се претстави себеси како Робин Худ, а неговите две спектакуларни бегства од мексиканските затвори придонесоа за славата.
Американското правобранителство го обвини дека увезувал тони кокаин, хероин, марихуана и метамфетамин на пазарите во САД повеќе од две децении.
Проценките на вкупната заработка на Гузман варираат. Во 2009 година, Форбс процени дека поседува една милијарда долари, а Министерството за правда на САД процени дека Ел Чапо заработил околу 14 милијарди долари во трговија со дрога.