(ФОТО) Еве која е Емра Куртишова  која ја глуми Исаура во „Преспав“

Големата љубов на рецепционерот Талат го напушти пансионот Преспав и си замина со својот Лоренцо. Сепак остави трага во оваа серија и го привлече вниманието на јавноста.

Во четвртата и најнова сезона на „Преспав“, Исаура повторно се врати, но овој пат по желба на Талат (кој стана менаџер) и остана подолго, но приказната се повтори и таа пак си замина со Лоренцо.

Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика.
Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.


Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца.

Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.