На работниците во агенцијата за вработување во англискиот град Свиндон им се дадени уште четири дена годишен одмор, под услов да не пушат на работа.
Агенцијата “KCJ Training & Employment Solutions” со седиште во Свидон, сака да ги награди работниците кои не се пушачи, наместо да ги казнува пушачите.
Генералниот директор Дон Брајден ја воведе мерката иако е пушач.
„Мерката беше прифатена и од пушачите и од непушачите во компанијата“, рече тој.
„Не дискриминирам никого“, рече тој, додавајќи дека не му пречат паузите за пушење на работниците, ниту пак сака да ги принудени работниците да престанат да го прават тоа.
„Како и да е, да речеме дека се работи за три паузи за пушењето на ден. Ова е еквивалентно на 16 работни дена годишно, ако работниот ден трае осум часа“, ја објаснил Брајден неговата идеја.