Драматичен раст на берзанскиот индекс МБИ 10 на Макдонска берза.
Огромен раст на Македонска берза, се случува денес. Берзанскиот индекс веќе досега има голем пораст за 2,86 отсто, а во нагорна линија, односно во зелената зона се акциите на сите најдобри компании со кои се тргува на пазарот на капитал и го сочинуваат Македонскиот берзански индекс МБИ 10.
Според познавачите на македонскиот пазар на капитал, позитивниот сентимент на Берзата настана пред се поради очекуваниот влез на земјава во НАТО, што зајакна откако во Шпанија се формираше Влада.