Вагите веруваат во љубов

1 декада – од 23 септември до 1 октомври

Тие знаат добро да оценат каде имаат шанси, а каде немаат. Реални се, и така пристапуваат кон спротивниот пол. Во тоа често одат до таму што на својот партнер му даваат повод за сомнеж и љубомора, бидејќи нивното сфаќање за должноста во љубовта и бракот како да е лишено од идеализам и романтична занесеност. Поради тоа стануваат жртви на краткотрајни задоволства додека големите работи ги одминуваат. Им одговараат личности родени во втората половина на јануари, мај или септември.

 

2 декада – од 1 октомври до 11 октомври

Девојката од оваа декада рано ја доживува првата љубов. Не сака никаква таинственост, туку сака сите да ја видат и сите да и завидат. Личностите од овој знак веруваат во љубов и не доволуваат било што да им се наметнува. Кога е потребно, знаат да ги бранат, итоа жестоко, своите ставови. Нивниот брак нема секогаш да биде среќен, но тие нема да останат самци, бидејќи домашниот живот и комфорот на домот за нив значи многу. Единствени знаци кои не им одговараат се Стрелец и евентуално Рак.

 

3 декада – од 11 октомври до 22 октомври

Овие личности поминуваат низ повеќе љубовни занеси. Ако при тоа бидат искрени и ја елиминираат својата позната неодговорност и морална настраност, тоа може да им помогне да го пронајдат својот брачен другар кој најмногу им одговара. Наклонети се кон спротивниот пол, но нивната реалност ги чува од избрзани постапки. Нивната сензуалност и ментално чувство се рамномерни и тоа ќе им помогне да имаат среќен семеен живот. Им одговараат личности родени во знакот Водолија, Близнаци и Вага. Помалку веројатно е дека ќе бидат среќни со човекот роден во знак Јарец.

Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година