Девицата сака внимателност кога е во прашање љубовта

1 декада – од 23 август до 31 август

Личностите од оваа декада се плашливи, воздржани и склони кон испитување кога во прашање е љубовта. Им одговараат односи на другарска основа и треба да помине многу време за да си дозволат себеси изјаснување и искрен разговор. Во своето повлекување од околината често премногу се задлабочуваат во секојдневната работа, па така се оддалечуваат од личностите кои би сакале да ги видат. Ако се тоа личности родени во знакот Бик или Јарец, тогаш таквите врски не се баш наивни и минливи.

 

2 декада – од 31 август до 11 септември

Претерано се внимателни кога во прашање е љубовта. Спонтаноста за нив е непознат збор и не се осудуваат да прифатат ризици кои љубовта им ги носи. На тоа поле се многу неискусни и тука им треба помош. Затоа со задоволство се препуштаат на иницијативите на другиот пол. Се впуштаат во комплицирани познанства и ги мешаат поимите на љубов и пријателство. На нивниот темперамент одговараат личности родени во првата половина на мај, декември и во знакот Девица.

 

3 декември – од 11 септември до 22 септември

Кога е во прашање љубов, лицата од овој период се наклонети на економија и пресметки. Треба појасно да ги изразуваат своите чувства, за да не бидат окарактеризирани како премногу ладни. Чувствителни се на забелешки кои им ги упатува личност на која ѝ го подаруваат своето внимание. Личностите родени во знак Бик, Јарец или Девица можат да им помогнат да ги надминат своите недостатоци.

Годишен хороскоп за 2020 година, еве што ве очекува во новата година